ТППЕ Делчево синоќа гаснеше пожар на куќа во с.Тработивиште !

На 18.08.2024 во 00.30 часот во ОВР Делчево било пријавено дека настанал пожар во куќа во с.Треботивиште, делчевско, сопственост на И.О и П.О..

Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица Делчево, а повредени лица нема.

Увид бил извршен, стои во информацијата на МВР.

Според пожарникарот Благојчо Стоименовски во пожарот предизвикана е значителна штета кај семејството, заради што вели дека помошта им е повеќе од потребна.

Бидејќи пожарот избувнал во доцните вечерни часови како портал не бевме известени за пожарот, но затоа се придржуваме на апелот да му се помогне на семејството.

Станува збор за повозрасни граѓани кои сами не можат да направат ништо околу расчистувањето или санирање на штетите од пожарот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*