Ангела Ангеловска ново име во ростерот на КК ,,Патриот” Делчево

Ангела Ангеловска, родена 2007 година, е новото засилување за КК ПАТРИОТ од Делчево.

Млада и перспективна, Ангела доаѓа од КК Тим Арена (ШТИП), а претходно има настапувано за екипата на Пробаскет од Пробиштип.

-Таа има искуство во Првата Б лига иако има само 17 години, има репрезентативно искуство во М14 настапуваше за нашата репрезентација на ФИБА челенџите до 14 години. Игра на позициите 3,4,5, висока е 184 см, добар шут од полудистанца, добар скок, подеднакво добра во одбрана и напад, истакнаа во својата објава од КК ,,Патриот”.

Ни претставува чест и задоволство што нашиот тим го пополнува својот ростер со млади играчи, играчи кои сакаат да тренираат, да напредуваат, и чекор по чекор да достигнуваат високи резултати во нивната кариера.

Ангела е една од тие и и посакуваме топло добредојде во тимот на ПАТРИОТ КИТЕ ОД ДЕЛЧЕВО, како и успешна сезона!, се додава на крсј од објавата на делчевскиот прволигаш.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*