Во населба Пролет започна изградбата на главна и дел од секундарната водоводна мрежа

Започна изградба на главна и дел од секундарната водоводна мрежа низ населба Пролет. Главниот цефковод е со должина од 543 метри, а секундарната мрежа е во должина од 487 метри.

Главните градежни активности опфаќаат машински ископ на ров, поставување на нови водоводни цефки со сите придружни објекти и фасонски делови.

Вредноста на проектот е 5.131.269 денари со ДДВ, а плаќањето ќе го врши Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

Изведувач на работите е „ВОД-ВАР ИНЖЕНЕРИНГ“ од Скопје.

Линк до објавата со клик на фотографијата подолу 👇

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*