Во рамки на проектот ЕРАЗМУС+ клучна акција 1- Мобилност на поединци за целите на учење, поддржана од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилности, за потребите на проектот “Екомода – иновативни техники за производство на облека од еколошки и рециклирани текстилни материјали, 12 ученици од Текстилно- кожарската струка при СОУ “Методи Митевски-Брицо” – Делчево се наоѓаат во Р. Бугарија каде што во период од две недели ќе ги усовршуваат своите знаења.
Првиот ден учениците од Текстилно – кожарска струка, кои се дел од проектот Еразмус и престојуваат во Р.Бугарија, го започнаа со разгледување на градот и беа пречекани од ученици од училиштето Евридика од Крџали.
На самата плажа имаа игри за запознавање, а потоа продолжија со работилница на тема Бизнис и претприемништво во текстилната индустрија, со предавачот Ивајло Најденов.
За повеќе фотографии од првиот ден кликнете на фотографијата подолу 👇

Вториот ден нашите ученици имаа научно – културна екскурзија во градот Бургас. Ги посетија најатрактивните места во градот како Морската градина, Општинската зграда, улицата Алеко Покорини, најстариот базар, споменикот Пантеон, Арката на Свети Никола, плоштадот Тројката, плоштадот и црквата Свети Кирил и Методи, Етнографскиот музеј и мапата на сите културно-историски споменици направена на самиот плоштад во форма на мозаик. Посетени беа и трите објекти по кои е познат градот Бургас: часовникот,, компасот и најстариот грамофон.
За повеќе фотографии од вториот ден кликнете на фотографијата подолу 👇


Leave a Reply