ВИДЕО: Диви свињи ги пустошат нивите во делчевски Пасјак

Диви свињи прават пустош во атарот на с.Нов Истевник. Меѓу најзагрозените се земјоделските култури во истевнички Пасјак, каде на повеќе места забележлива е штета како на пченката, така и на компирот и на насадите со лешник. Во изминатиот период како што тврдат мештани, имуни на нападите не останаа ни житариците во овој крај.

-Појавата константно се случува во изминатите 5,6 години најверојатно поради сушата, поради што дивечот се спушта во пониските предели барајќи храна. Поради ова приморани сме понекогаш да дежураат покрај своите ниви. Бараме помо од ловечките друштва и други надлежни органи, за да се намалат штетите од секојдневните влегувања на дивите свињи во нивите, вели делчевец, кој има свој назад со пченка во Пасјак.

Голем број од земјоделците како што додава се двоумат дали следната година да вложат, бидејќи тоа што ќе успеат да го добијат како род, дивите свињи им го преполовуваат.

-Не само што се хранат со нашите култури туку тие тука и ноќеваат и може да се забележи како се упропастени цели површини ниви и речиси ништо не останува од родот да собереме. Вакви и слични проблеми со дивите свињи ни се случуваат последните неколку години, кога штетите се поголеми од ползата што ја имаме од овие култури и помислуваме да се откажеме од земјоделството поради овие проблеми, додава делчевецот.

Слична е состојбата и кај лешниковиот насад на уште еден делчевец, но за слични проблеми алармираат и повратници во селото Нов Истевник кои засега немаат решение за проблемот

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*