Во рамки на проектите за подобрување на спортската инфраструктура, денеска во Берово се асфалтира мултифункционалниот спортски терен на Кеј на река Брегалница, во Берово.
Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој изврши увид во градежните работи информираше дека инвестицијата на овој спортски терен, опфаќа повеќе градежни работи кои ќе резултираат со изградба на модерен спортски терен.

-Во рамки на работите кои започнаа денес предвидено е асфалтирање, оградување, осветлување и поставување на нова урбана опрема, за ракомет, за две кошаркарски игралишта и игралиште за мал фудбал. Сметам дека оваа инвестиција е многу значајна, особено за младите во Берово, кои добиваат нов терен за спортување, што е многу значајно за правилен раст и развој на децата, истакна Пекевски.
Очекува по изградбата на теренот корисниците совесно и одговорно да се однесуваат во насока на чување на општинскиот имот.
-Игралиштето се наоѓа во срцето на Берово и се надевам дека младите ќе го користат и ќе спортуваат, ќе ги развиваат нивните таленти, но во исто време и одговорно ќе се однесуваат кон поставената урбана опрема и ќе бидат пример, за тоа како одговорно се чува општинскиот имот, додаде Пекевски.
Средствата за реконструкција на овој терен како што дополни беровскиот градоначалник се обезбедени од Агенција за млади и спорт.


Leave a Reply