Во организација на ОУДК,,Јане Сандански “Пехчево во склоп на програмските активности, деновиве беше реализирана посета на Дом на култура Виница, каде беа претставени личните работи и музејските поставки на Тоше Проески.

Активноста како што информираа од пехчевскиот Дом на култура се реализира благодарение на директорката Благица Стојановска за која за присутните организираше посета на музеј Теракота и Виничко Кале. Кустос-советникот Благица Стојанова од музејот, им раскажа на присутните за постоењето на музејот, како и неговата значајност за Виница.

-Се прошетавме и до Виничко кале и поминавме прекрасен ден, здобивајки се со нови знаења и убавини,кои ни ги пружа нашата земја Македонија. Благодариме за прекрасната соработка на децата ученици, студенти, соработници од Пехчево што беа денес дел од овој настан, се вели во објавата на Домот за култура Јане Сандански од Пехчево.

Leave a Reply