Пингпонгарите на ППК ,,Зегин” од Берово освоија 6 медали на Меѓународниот турнир во Димитровград.
Како што стои во објавата на клубот се исплатеше долгиот пат од 500 поминати километри и покрај проблемите кои ги имале, успеаа да бидат високо конкурентни.
- Моника С – У 15 злато 🥇
- Моника С – У 19 бронза 🥉
- Бојана Ј – У 11 сребро 🥈
- Бојана Ј – У 13 бронза 🥉
- Јован П – У 11 бронза 🥉
- Кико К – У 19 бронза 🥉
Сарче и Димитар одлични.
Кога правиш нешто позитивно, човечката сила неможе да те запре, може само да те забави, продолжуваме понатаму, се вели во објавата на ППК ,,Зегин”.












Leave a Reply