Во Турново на првиот домашен меч сезонава некогашниот прволигаш Хоризонт со 2:1 славеше над Брегалница од Делчево.
Головите за домаќините ги постигнаа Коцевски, кој о 13. минута погоди за 1:0, и Гоцев за 2:0 на стартот на второто полувреме. Во 81. минута од натпреварот Пешовски погоди за конечни 2:1, иако Делчевчани можеа да заминат и со бод од ова гостување, откако пред крај на натпреварот пропуштија колосална шанса за реми.

За екипата од Делчево, 3 освоени бода од два натпревари на гостински терен е повеќе од солиден учинок. Брегалница 1926 Делчево во недела на 29 септември на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев” во Делчево ја пречекуваат Слога Виница, која денес беше фуриозна во дуелот со Тиверија, натпревар кој виничани на домашен терен го добија со 8:2.
Денес победа забележа и екипата на Овче Поле која на гостински терен го совлада Ударник Пирава со 1:4, додека останатите два натпревари завршија со резултат 1:1. ОФК Малеш Берово освои бод на гостувањето кај Светлост, исто како и фудбалерите на Карбинци на гостувањето кај Дојранско Езеро.


Leave a Reply