Во Берово одбележан Денот на Малешевскиот мед

На иницијатива од членовите на Здружение на пчелари на Малешевијата ,,МЕДЕН ДАБ” – БЕРОВО, денеска, во двете основни и во средното училиште во Берово, се одбележуваше Денот на малешевскиот мед- 18 Октомври.

На учениците им беше поделен меден појадок и проспект за значењето на медот во исхраната и им беа презентирани, начинот на производство на мед и придобивките од оваа здрава намирница. Исто така, учениците имаа можност да се запознаат со важноста на пчелите, за биодиверзитетот и можноста за развој на економијата во локалната заедница.

-Малешевијата е регион во кој пчеларството има долга традиција, а медот е со врвен квалитет, заради природните предели со кои располага ова подрачје и се разликува од медот кој што е произведен на друго место. Медот, кој го произведуваат пчеларите од нашиот регион, постојано се рангира на високи позиции, со највисок број на бодови, на различни натпревари во и надвор од државата, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој присуствуваше на овој настан.

Целта на денешниот настан, е да се презентира колку медот е хранлив и добар за здравјето и колку е пожелно граѓаните да го консумираат секојдневно и исто така децата да го вкусат медот, кој се произведува во нашиот регион и да научат дека Малешевијата е богата со здрава и квалитетна храна.

Пчеларството е една многу интересна и слатка земјоделска гранка, која покрај другото, нуди многу можности и за добар приход.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*