Европскиот ден против трговија со луѓе одбележан со предавање во М.Каменица

По повод Европскиот ден за борба против трговија со луѓе 18 Октомври, врсничките едукатори Кристијан Димитровски и Анастасија Ќурчиска волонтери при Клуб на млади на ООЦК Делчево, денес заедно со претставници од РЦ за ГР-Исток и ОВР Делчево ПО Мак. Каменица имаа предавање за недозволена трговијата со луѓе во ООУ ,,Кирил и Методиј ” Мак. Каменица.

-Со помош на вакви предавања сакаме да им ја доловиме сериозноста на учениците со тргување на луѓе и колку може да биде опасно, истакнаа од Црвен Крст Делчево.

Трговијата со луѓе исто така е многу распространета и преку социјалните мрежи затоа при користење треба да сме внимателни и да внимаваме на кого и што испраќаме, беше главната порака од денешниот настан.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*