Со пресврт до победа, бодовите остануваат во Делчево. Крајно возбудлив и динамичен натпревар одиграа Брегалница Делчево 1926 и Карбинци, каде на крајот нашиот тим забележа победа од 2:1, иако на полувремето имавме негатива од еден гол.
По бледата игра во првото полувреме, фудбалерите на Брега, кои имаа одлична поддршка од трибините, дојдоа до цел плен од средбата и продолжување на серијата без пораз.
Дарко Пешовски од пенал и Александар Илиев беа стрелци на головите за победа на нашиот тим.
Со новата победа, Брегалница Делчево 1926 се искачи на 3-то место на табелата во Трета лига – Исток, со што продолжува борбата за самиот врв.
Следната недела делчевци гостуваат во Свети Николе, каде ќе играме против тимот на Овче Поле.

Leave a Reply