По барање од учениците и наставниците од четвртите одделенија од ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево во просториите на училиштето, учениците се запознаа со надлежностите, улогата и функцијата на градоначалникот како претставнички и извршен орган на ЕЛС, кои учениците го изучуваат по предметот Историја и општество.

Запознавајќи ги учениците со надлежностите на Општината, со должностите на градоначалникот, проектите кои се работат, а се во функција на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, се одговараше и на прашања на учениците.
Учениците се интересираа за обврските на еден градоначалник, како изгледа еден работен ден на градоначалникот, поставуваа прашања за активностите кои се спроведуваа за заштита на животната средина, за планираните проекти во училиштата.
Посетата на ученици на Општина Делчево се организира редовно во рамките на предметот општество и во соработка на Општината со образовните институции, а целта е учениците изворно да се информираат за надлежностите на општината, нејзините органи, начинот на носење одлуки и сл, се вели во објавата на градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.


Leave a Reply