Делегација на Општина Делчево гостин на прославата на 80 години од ослободувањето на Бар, Црна Гора

На покана на Општина Бар, делегација на Општина Делчево присуствуваше на свеченоста по повод 80 години од ослободувањето на Бар, соопшти денес градоначалникот на Општината, Горан Трајковски.

Во рамки на посетата Трајковски оствари средба со градоначалникот на Бар, Душан Раичевиќ.

-На средбата разговарав за продлабочување на пријателството и понатамошен развој и соработка во сите области. Пријателството меѓу општините е битна алка, бидејќи денес општините претставуваат клучен елемент во процесот на развој на регионите и земјите и важен предмет на меѓународните односи, при што општините имаат особено важна улога и одговорност, истакна Трајковски.

Во име на општина Делчево и од негово лично име како градоначалник – им го честиташе празникот на градот – 80 години од неговото ослободување. 

-Оваа средба е од големо значење за нас и претставува уште еден чекор во зајакнувањето на односите помеѓу нашите општини и развивање на меѓусебната соработка. Ова е можност да споделиме идеи, искуства и визии кои не водат до заеднички цели. Верувам дека преку отворен и конструктивен дијалог ќе ги поставиме основите за нови проекти и иницијативи кои ќе придонесат за развојот на двете општини. Нека е честит Денот на ослободување на Бар, додаде Трајковски.

Во рамки на посетата делегацијата од Општина Делчево оствари средба и со амбасадорот на Македонија во Црна Гора, г-дин Зекир Рамчиловиќ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*