По втор пат, Јавната локална библиотека „Илинден“, заедно со Општинското основно училиште „Ванчо Прке“ и Општинското основно училиште „Св.Климент Охридски“ го организираше натпреварот по изразно читање. Годинава како што информираа од библиотеката, натпреварувачите беа ученици од III, IV и V одделение.
-Читаа краток текст пред Изборната комисија во состав Даниела Георгиевска и Анита Петровска – библиотекари во ЈЛБ„Илинден“, Валентина Даневаска – библиотекар и наставник по македонски јазик во ООУ„Св.Климент Охридски“ и Даниела Ангеловска – одделенски наставник во ООУ„Ванчо Прке“. Сите натпреварувачи добија благодарница за учество, а Комисијата за избро избра и најдобар ученик во изразно читање од сите три одделенија. Со награда се закитија: Од трето одделение – Јова Десподов Од четврто одделение – Дариа Петровска Од петто одделение – Јана Гоцевска, информираа од ЈЛБ „Илинден“.
Честитајки им на сите учесници директорката на установата Биљана Петровска додаде дека читањето не е само добра забава.
-Секојдневното читање може да ве направи попаметни, порелаксирани. Оние кои читаат, покажуваат силни вештини за читање и растат поинтелигентни. Тоа беше откритието на едно истражување објавено во 2014 година. Читањето книги не само што ве прави паметни, туку ве прави и подобра личност. Ако сте зафатени да читате во текот на денот, размислете да читате во текот на вечерта, наместо да го користите вашиот паметен телефон. Истражувањата покажуваат дека употребата на паметен телефон во текот на ноќта ни отежнува да заспиеме и доведува до намалување на квалитетот на сонот. Од друга страна, некои експерти велат дека читањето книги може да има релаксирачки ефект, што е идеална активност пред спиење, додаде Петровска.

Leave a Reply