Караванот ,,За овој свет” на 11 декември во Пехчево

На ден 11 декември 2024 година со почеток од 13 часот во кино сала при Општинската установа Дом на Култура ,,Јане Сандански” Пехчево ќе се реализираат активности во рамки на караванот Тоше -За овој свет.

-Ќе бидат изложени неколку музејски поставки од Спомен куќата на Тоше,неколку облеки кои Тоше ги носеше на неговите концерти, неговите гитари, и фотографии. Овој караван е насловен по нумерата
,, За овој свет” песна која тој ја отпеа и за неа сними спот под покровителство на УНИЦЕФ. Тоше 2003 и 2004 година беше прогласен за најмлад национален и регионален амбасадор на добра воља на УНИЦЕФ и токму тоа е целта на овој караван да се потсетиме на значајните годишнини од неговиот живот и да ги промовираме и следиме неговите хумани дела и неговата посветеност на заштита на правата на децата како наша иднина, се вели во објавата на Домот на култура.

На настанот како партнери ке настапи и мала фолклорна група од Дом на култура ,,Наум Наумовски Борче “од Крушево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*