Донација од Алпин Ком за делчевскиот Здравствен дом

Нова донација од општествено одговорни компании за нашите институции. Овој пат Алпин Ком, фирмата која одбележа 20 години постоење за потребите на Здравствениот дом ,,Гоце Делчев” Делчево донираше од својата богата палета на производи која ќе ги замени дотраените клупи во установата.

Новите клупи веќе се поставени во установата и ставени во функција за пациентите.

Од Зравствениот дом изразија благодарност за оваа и претходните неколку донации од останати општествено одговорни компании.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*