Каменичките пензионери ја продолжија традицијата за Василица – Стара Нова Година. На пензионерска прослава организирана од ЗП Македонска Каменица по повод Стара Нова Година -Василица, се делеше колаче со паричка која годинава се падна кај Димчо Николовски, кој беше најсреќниот пензионер на прославата.
Од здружението му посакаа честитки честитки, здравје, среќа, берикет и успех, а на останатите пензионери им ги честитаа претстојните празници.
На прославата се доделија и признанија за фолклорната група при ЗП за постигнатиот успех и учество на Меѓународниот фестивал Трето животно добаво Љубљана, Словенија.

Фолклорната група при здружението пак додели благодарница на Претседателката Јаворка Соколовска, а исто така беа доделени благодарници на деловни соработници.
Фото: Јаворка Соколовска, претседател на ЗП – М.Каменица.




Leave a Reply