Во Делчево заврши првата обука во рамките на програмата „Црвен крст во акција промоција на хумани вредност“. Во рамки на новиот циклус од програмата се вклучени повеќе од 30 ученици од основните и средните училишта од општина Делчево и Македонска Каменица.
-Во просториите на Општинската организација на Црвениот крст во Делчево се спроведе првата од предвидените три обуки преку кои младите волонтери ќе научат како да изработат мали проект за доброто на заедницата. По завршувањето на обуките тие ќе бидат поделени во шест групи и до мај ќе изработат шест мали проекти. Програмата „ЦКА – ПХВ“ во нашето Национално друштво се реализира над две децении. Обуката ја спроведе Јана Попова- локалниот дисеминатор од Општинска организација на Црвен крст Делчево, информираа од делчевската општинска организација на Црвен крст.
За претседателката на Црвен крст Делчево, Билјана Георгиевска најважно е што годинава за ПХВ проектите е зголемен бројот на млади лица од Делчево и Македонска Каменица.
Истовремено како што додаде Црвен крст Делчево распиша јавен повик за повеќе услуги со кои се опфатени лица со попреченост.
-Исто така веќе ја испорачуваме услугата за грижа на стари лица и сега започнавме со услугата за лична асистенција за лица со лесна и тешка попреченост како и за лица со оштетен вид од 6 до 65 годишна возраст, додаде Георгиевска.
Апелираше до сите заинтересирани кои сакаат да ја добиваат оваа услуга, за подетални информации да се обратат на телефонскиот број 033/412-010 или во просториите на Црвен крст Делчево или во Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Делчево.

Leave a Reply