Лоренцо Трајановски со поддршка на наши иселеници обезбеди опрема за ТППЕ Делчево

Нашиот сограѓанин, пожарникар Лоренцо Трајановски, со помош на Даниел Пејчински, по потекло од С.Град, набави 15 униформи од Германија за млади пожарникари.

-Обезбедени се исто така и 20 пара чизми, 7 пара ракавици и 7 шлемови купени од колегата Јуре Стрмола од Љубљана, Словенија, кои ми помогнаа да набавам 2 возила пред 3 години. Транспортот го организираше нашиот сограѓанин Сенад Багашов. Огромна благодарност до сите кои знаат да ја ценат професијата пожарникар и знаат како да помогнат, вели Трајановски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*