Младиот Мартин Спасевски од Делчево добитник на пехар за трето место за велосипедски постигнувања за 2024 година

Денес во Велес се одржа годишното доделување награди за најдобри спортисти и клубови во 2024та година во рамки на македонската велосипедска федерација.

На доделувањето ВК ОКСИЖЕН е прогласен за НАЈДОБАР планинско велосипедски клуб во дисциплината планински велосипедизам во Македонија за 2024та година.

Исто така ВК Оксижен е и добитник на пехар за второ место во развојна категорија на млади во дисциплината друмски.

Поединечните добитници на пехари за сезоната 2024 се:

Никола Чекеровски
2ро место
категорија Јуниори, дисциплина планински

Мартин Спасевски
3то место
категорија Кадети, дисциплина планински

Марко Чекеровски
1во место
категорија У15 , дисциплина друмски
2ро место
категорија Кадети, дисциплина планински

Александар Маркоски
2ро место
категорија Мастерс, дисциплина планински

Марко Поповски
2ро место
категорија У13, дисциплина планински

Андреј Поповски
3то место
категорија У13, дисциплина планински

Честитки на сите добитници и на сите останати членови на клубот како и на сите оние кој го помагаат и поддржуваат ВК ОКСИЖЕН.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*