Младите од Пијанец ги подготвија смрековите купови за Поклади

 Во Пијанечко во тек се завршни подготовки за утрешното одбележување на празникот Поклади. По традиција настанот населението го  одбележува со смрекови Стреловишта, кои се палат во повеќе населби и села во Пијанец.

-Траадиционалното палење смреков оган често се практикува низ годините наназад, како во селските населби, така и во градот. Годинава најорганизирани се младите кои околу 19 часот на празникот Прочка ќе ги запалат стреловиштата во населбите Расадник, Маџир Маало  Милков Брдо како и околните населби и села, велат постарите житечи.

Со цел се да биде подготвено навреме, во текот на денешниот ден се поставуваа самите ,,купови” со подготвените Стреловишта, а во текот на денот се месат и сукаат баници и други домашни специјалитети кои се принесуваат на трпезата, која се поставува околу самите Стреловишта.

-Според тоа што останало од нашите дедовви смреката се пали на стемнување, а потоа се прескокнува купот со зборовите ,,Еве ти ја дедо гламната, дај ми момата”, додаваат младите од Милково Брдо.

Освен овој адет во Делчевско, за Прочка во  помладите во текот на неделата бараа Прочка од постарите за сето она што им згрешиле во текот на годината.

Во продолжение видео од подготвките за утрешниот настан во с.Град, Делчево како и фотографии со најава за настанот во повеќе населби.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*