Денес на градскиот стадион во Виница се одиграа пријателски натпревари по италијански систем, кои воедно беа и генералки пред почетокот на пролетниот дел од сезоната во 3МФЛ-Исток.
Во пријателски амбиент се сретнаа екипите на Слога Виница, Брегалница 1926 Делчево и Светлост Зрновци при што се постигнати следните резултати:
Слога1934 3️⃣:0️⃣ Брегалница 1926
Слога1934 5️⃣:0️⃣ Светлост
Брегалница 1926 1️⃣:1️⃣ Светлост



Од таборот на домашниот тим изразија благодарност до сите навивачи кои беа присутни на градскиот стадион во Виница и покрај дождливото време, а воедно и до екипите од Делчево и Зрновци кои се одзваа на нивната покана.





Leave a Reply