На неколку локации на улицата „Маршал Тито” денеска (04.03.) од страна на полициски службеници од ПО за БПС Берово во центарот на Берово беше спроведена превентивна активност од областа на сообраќајната безбедност „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Од страна на полициските службеници покрај укажувањата до возачите, беше поделен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП , а се со цел превенција од оваа појава и зголемување на свеста на учесниците во сообраќајот во интерес на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.



Leave a Reply