Средното стручно училиште од Пирот и гимназијата Методи Митевски Брицо од Делчево по трет пат заеднички го реализираат регионалниот проект Суперучилишта започнат од Регионалната канцеларија за младинска соработка во Западен Балкан RYCO и Германската агенција за меѓународна соработка ГИЗ.
Програмата има за цел да го поддржи процесот на помирување и градење мир, како и процесот на меѓукултурен дијалог меѓу училиштата.
Оваа недела 15 ученици од училиштето „Методи Митевски-Брицо“ од Делчево, Македонија, се во возвратна посета на Пирот град како дел од втората размена на оваа програма.
Преку неформално образование во форма на работилници, учениците во н ќе дискутираат со следните теми: мирно решавање конфликти, ненасилна комуникација, идентитет, предрасуди, интеркултуралност, дискриминација. Дополнително, преку размена, учениците учат за начинот на работа и учење во друго училиште, учат за културата и традициите на други луѓе, учат за начинот на кој живеат нивните врсници во нивната средина и стекнуваат нови пријатели.

Оваа програма ќе биде збогатена со обиколки на културно-историските знаменитости во Пирот и околината, како и соработка со институции и организации во градот.
Проектни координатори од средното стручно училиште се Душица Голубовиќ и Наталија Мадиќ, професори, а Желеанка Демирова, професор по Англиски јазик е координатор за делчевската гимназија.

Leave a Reply