Приредба со најмалите во ЈЛБ „Илинден“ по повод Меѓународниот ден на жената

По повод Меѓународниот ден на жената во Јавната локална библиотека Илинден денес се одржа приредба со второоделенците од ООУ„Св.Климент Охридски“.

-После жените,цвеќињата се најубавото нешто што Бог го дал на овој свет.Рекол некој некогаш и бил во право. Секоја година ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, денот на жената, го одбележуваше со избор и награди за 5 најредовни читателки од различна возраст и професија. Оваа година одлучивме овој празник да го одбележиме и со второоделенците од ООУ„Св.Климент Охридски“. Благодарност до сите дечиња и до нивните наставнички Александра, Мимица , Ели и Горица што се подготвија за денешната мала приредба.Пеевме, рецитиравме и се дружевме во чест на сите жени, а во пресрет на 8-ми Март, меѓународниот ден на жената, истакна директорката Билјана Петровска.

Мухамед Али рекол: „Постојат две сили во светот, првата е мечот, а другата е пенкалото. Постои огромна конкуренција и ривалство меѓу овие двете. Постои и трета сила посилна од претходните две, силата на жената“

Честит 8-ми Март до сите припаднички на понежниот пол, се вели во објавата на ЈЛБ „Илинден“ Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*