Организација „Жена“ од Делчево вечерва организираше стендап претстава во изведба на режисерката Софија Ристевска Петрушева, член на Битолскиот Народен театар. Претставата е дел од проектните активности на проектот “И ние можеме” и истата опфаќа повеќе теми кои говорат за секојдневните проблеми и предизвици на жените.
Пред преполната сала во Делчево, како што истакна режисерката на претставата задоволство било да се зборува за проблемите со кои се соочуваат жените.
-Позитивни вибрации и енергија, полна сала само жени, секоја чест што од Организација „Жена“ донесоа само жени. Јас сум театарска режисерка која се занимава со стенд ап беше задоволство пред нив да раскажувам за мојот живот. Моите настапи не се типични стендапи на кои гледам да ги раскажувам моите искуства, за темите за кои никој не зборува како женската сексуалност, менталното здравје, разгледувањето на телото кое се прави јавно непријатно, истакна Ристевска Петрушевска.
Позицијата на која се наоѓа жената во нашата држава, според режисерката не е секогаш блескава и не е секогаш онаа позиција која жените ја заслужуваат.

-Тука ќе ги нагласам социјалните принципи со кои се бориме, кои се секогаш патријархално поставени кон нас. Затоа идејата ми е овие мои настапи кои што се стенд ап, во истовреме да бидат и некакви активистички настапи да донесат поинаква перспективата на младите жени. Се радувам што тука имаше и неколку млади девојчиња млади за кои проблематиката беше за мошне возрасни, но слушнаа дека имаат право да бидат свои и да се одморат. Тоа е моето мото сега кога веќе имам 50 години, дека жената дека има право на се што ќе посака, но има право и да се одмори и да биде среќна, додаде Ристевска Петрушевска.
Проектот „И ние можеме“ се реализира со финансиска поддршка од организацијата Kvinna till Kvinna и Кралството Шведска.

Leave a Reply