Брегалница 1926 Делчево со 17 бодови на делба на втората позиција во 3 МФЛ Исток по победата над Тиверија

Брегалница Делчево на делба на втората позиција во Третата фудбалска лига Исток, по денешната победа над Тиверија, откако Овче поле загуби на гостувањето кај Светлост, а Хоризонт ремизираше со Дојранско Езеро.

Брегалница победата ја забележа со головите на Петровски, Ратков и Дојчинов кои ги постигнаа во првото полувреме кога Брегалница имаше водство од 3:1. До крајот на натпреварот сино белите го задржаа водството иако Тиверија намали на 3:2, резултат кој беше и конечен на овој натпревар. Стрелци на головите за Тиверија беа Пандевски и Ѓорѓиев.

Еве ги комплетните резултати во Третата фудбалска лига Исток:

Брегалница 1926 Делчево – Тиверија 3:2
Слога – Малеш 8:0
Ударник – Карбинци 1:4
Светлост Зрновци – Овче Поле 2:0
Хоризонт Турново – Дојранско Езеро 2:2

Табела

1.Слога В 27

2.Овче Поле 17

3. Брегалница 1926 Делчево 17

4.Хоризонт Турново

5.Карбинци

6.Дојранско Езеро

7.Малеш

8.Светлост

9.Ударник

10.Тиверија

Во следното 12 коло во Третата фудбалска лига Исток, Брегалница 1926 Делчево повторно на домашен терен ја пречекува екипата на Хоризонт Турново.

https://www.youtube.com/live/SgPGPLSYMpA?si=AbXO3JQjMG0FvOj6

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*