Превентивна едукативна активност во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

На 25.03.2025 година во периодот од 11:00 до 12:00 часот, во нашето училиште беше реализирана превентивна едукативна активност на тема: „Начини на однесување во кризни ситуации – пожар“.

Активноста беше спроведена од страна на Пом. командир Елена Спасевска и УПС Даниела Чочовски од ПС од ОН „Берово“, во соработка со ЈЗУ Пехчево и волонтерите на Црвен крст – Берово.

Учениците имаа можност да се запознаат со правилното однесување во услови на пожар, техники за совладување на паниката и безбедна евакуација.

Исто така, им беа претставени и законските одредби за присуство на малолетници во угостителски објекти.

Преку практични симулациски вежби, докторката Даниела Капушевска и волонтерите од Црвен крст – Берово на учениците им покажаа постапки за безбедна евакуација и правилно реагирање при итни случаи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*