Кадетките на РК Делчево денес забележаа убедлива победа од 39:22 над екипата на ЖРК Куманово, во натпревар кој денес се одигра во спортската сала Методи Митевски Брицо во Делчево.
Во натпревар во кој победникот се знаеше однапред, се создадоа услови тренерот Горан Велков да ги внесе во игра дел од подмладокот на тимот, па така свое прво искуство во кадетскиот состав имаа Арсова, Анакиевска, Георгиевска, Јовевска, Захариевска…
Ерупција од воодушевување на трибините имаше кога своите први голови ги постигнаа Арсова и Анакиевска, а во листата на стрелците се впишаа речиси сите ракометарки од стандардниот состав И.Јовановска, М.Јовановска, Стоименовска, Величковска, Вирчанска, А Манова, С.Манова.

Момент за паметење беше и ракометната ,,паненка” која ја изведе голманката Антонија Гоцевска која прв пат пред домашната публика шутираше пенал во ефектен ,,фудбалски” стил.
Одличен настап имаше и вториот голман Коларска, а на теренот дел од минутажата имаа и Дончевска и Трајковска.
Во недела во Делчево гостува екипата на Стружанка.

Leave a Reply