Бојана Јовевска од Пехчево ќе учествува на Светските школски игри во Златибор, Р Србија

Бојана Јовевска која е ученик во VI одделение во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево, денеска замина на Светските школски игри за ученици до 15 години, во Златибор – Република Србија.

Игрите ќе се одржат од 4 до 14 Април, а освен Бојана на игрите ќе учествуваат Кристијан Каламадевски, Сара Ризовска и Моника Стајковска, ученици од деветолетката Дедо Иљо Малешевски од Берово под менторство на наставникот по физичко и здравствено образование Горан Младеновски.

Бојана ќе се натпреварува во спортската дисциплина пинг понг во која за својот клуб во минатото има постигнато голем број успеси.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*