Беровскиот градоначалник, Звонко Пекевски, денес ја прими донацијата од град Виена, претставена од Општинскиот оддел 27, Европски прашања, а како дел од хуманитарната програма за помош.
Се работи за донација возило за собирање на смет, марка МAN, кое ќе биде наменето за потребите на ЈПКР ,,Услуга” Берово.
-Упатив голема благодарност за донираното возило, кое ќе го збогати возниот парк на јавното комунално претпријатие во Берово и ќе го подобри комуналниот сервис кон граѓаните. Ова е една исклучително важна донација, која уште еднаш ја потврдува нашата заложба кон унапредување на состојбите на локално ниво, истакна Пекевски.
Благодарност за донираното возило истакна и Директорот на ЈПКР ,,Услуга “ Берово, Илија Рунтевски. Тој додаде дека со ова возило, јавното претпријатие ќе обезбеди подобар комунален сервис кон граѓаните.




Leave a Reply