По подолго време воспоставена автобуска линија Делчево – Скопје

По повеќе од 15 години, од четврток 17.04.2025 година стартува новата автобуска линија за патници од Делчево и Македонска Каменица до Скопје. Автобуската линија ќе функционира од понеделник до петок со термин за поаѓање од Делчево во 05:40 часот односно од Македонска Каменица во 06:05 часот, а враќањето кон Делчево и Македонска Каменица е предвидено за 17:15 часот.

Од Андон Компани Пехчево, компанија за превоз на патници, со традиција од 30 години која ја доби линијата, за Делчево365 велат дека времето за поаѓање и враќање е идеално време за работа, факултет или други обврски кои можат да ги завршат граѓаните во главниот град.

📞 Контакт за резервации:
070 213 421
033 441 155

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*