Предавање на тема: Превенција од врсничко и сајбер насилство” во Пехчево

Согласно Годишната програма за превенција на детско престапништво за 2025 година, Општина Пехчево во соработка со ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево, денес од страна на Помошник командир Елена Спасевска и УПС Христијан Јовевски и Борис Аспровски од ПС од ОН Берово, на учениците од осмо и деветто одделение, одржа едукативно – превентивна активност на тема „Превенција од врсничко и сабјер насилство“.

На предавањето реализирано со учениците, тие беа запознаени со феноменот на булингот како социо – патолошка појава, со формите и начините на манифестирање, како и за последиците што можат да настанат од ова девијантно однесување.

Истовремено се зборуваше и за начините како да се превенира вербалното, физичкото и сајбер малтретирање, односно таканаречениот „булинг“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*