Фолклорна работилница со најмалите во НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров”

Денес во просториите на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” Делчево се одржа фолклорна работилница во чии рамки во топла и весела атмосфера, најмалите од ОЈУДГ ,,Весели Цветови” имаа можност да се запознаат со нашата фолклорна група, да слушнат за народните традиции и да видат изведби на автентични македонски песни и ора

-Имавме огромна чест и огромно задоволство да ги пречекаме најмалите љубопитни гости – дечињата од детската градинка „Весели Цветови“ од Делчево.

Во топла и весела атмосфера, тие имаа можност да се запознаат со нашата фолклорна група, да слушнат за народните традиции и да видат изведби на автентични македонски песни и ора.

Дечињата со голем интерес и насмевки на лицата учествуваа во активностите, се обидоа да фатат неколку чекори од нашите ора, и со голема љубопитност ги разгледуваа народните носии и инструменти.

Ваквите средби не само што ги зближуваат генерациите, туку и ја негуваат љубовта кон македонската култура уште од најрана возраст, се вели во објавата на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*