ООУ ,,Св Климент Охридски” Делчево домаќин на Малите Олимписки игри за основни училишта

На 14 и 15 мај 2025 година нашето училиште Св Климент Охридски е домаќин на Мали олимписки игри за основни училишта. На игрите учествувата ученици од повеќе основни училишта од целата Република во колективни спортови, ракомет и одбојка.

Натпреварите во одбојка ќе се одржуваат во спортската сала на ООУ Св.Климент Охридски и ракомет во спортската сала на гимназијата Методи Митевски Брицо.

Денешните натпревари започнаа од 12 часот, а за утре 15 мај е закажано свечено отворање и Дефиле со почеток во 10 часот во спортската сала на гимназијата Методи Митевски Брицо.

Во продолжение проследете ги полуфиналните натпревари на нашите екипи во ракомет и одбојка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*