Ракометарките на Општинското основно училиште „Св.Климент Охридски“ од Делчево и одбојкарите од деветолетката Браќа Миладиновци од Струга го освоија првото место на денешнатра Мала олимпијада за основни училишта која се одржува во Делчево. Ракометарките на ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево во финалето во ракомет ги совладаа врсничките од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Струга со 16:13 по изведувањето на пенали, додека одбојкарите со 2.0 во сетови беа поодобри од одбојкарите од истоименото училиште од Скопје.
За Александар Таушански, тренерот на домашниот тим, конечно пехарот во Делчево, по освоените трето и второ место на претходните игри.
-Редно беше да освоиме златен медал бидејки бевме трети, па втори и сега конечно прво место. Напорно работевме им честитам на сите ракометарки за успехот, рече Таушански а кон честитките се придружи и директорот на делчевската деветолетка Горан Димитровски кој ги покани граѓаните и љубителите на спортот да го проследат и вториот ден од Малата олимпијада која продолжува денес.
Претставниците на Федерацијата на училишен спорт изразија задоволство што Делчево се покажа како добар домаќин и очекуваат добрата организација да продолжи и во текот на вториот ден од игрите.
-Делчево денес може да се гордее бидејки има шампионска екипа. им посакувам успех и понатаму и во ракометот и во училиштето, Ова е голем успех за градот Делчево, за ракометот и за спортот воопшто, додаде Велков.
Во Делчево во рамки на првиот ден од Малите олимписки игри настапиха екипите од основните училишта Св.Климент Охридски – Делчево, Браќа Миладиновци – Струга, Тихомир Милошевски – Ѓорче Петров Скопје и Тошо Арсов – Штип кои се натпреваруваа во женски ракомет и основните училишта Браќа Миладиновци – Струга, Браќа Миладиновци – Скопје, Блаже Коневски Велес и домаќинот Св Климент Охридски од Делчево кои беа дел од турнирот во одбојка.
Игрите денес продолжуваат со натпреварите во машки ракомет и одбојка за жени.
-Почитувани граѓани љубители на спортот, Ве информираме дека во рамки на денешните натпревари од Малите олимписки игри за основни училишта во Спортска сала на ООУ “Св.Климент Охридски”Делчево ќе се игра одбојка женски и тоа: ООУ “Видео Подгорец” Струмица против ООУ”Лирија” Тетово и ООУ “Владо Тасевски” Скопје против ООУ “Св.Климент Охридски”Делчево. Победниците ќе играат за прво место, поразените за трето место. Паралелно во спортската сала во гимназијата “Методи Митевски Брицо” ќе се одиграат натпреварите во ракомет машки помеѓу ООУ “Св.Климент Охридски “Облешево и ООУ”Јосип Броз Тито “Скопје како и ООУ “Кирил Пејчиновиќ “Скопје и ООУ “Св.Климент Охридски “Делчево. Победниците ќе се пласираат во финалето, додека поразените во натпреварите за трето место. Ве покануваме да присуствувате на спортските активности и со Вашето присуство да го збогатите овој убав настан за нашата Општина, се вели во поканата од училиштето домаќин.
Освен Делчево домаќин на Малите олимписки игри за основни училишта е и градот Кочани.

Leave a Reply