Честит патронен празник ООУ ,,Ванчо Прке” Делчево

Објава на ООУ ,,Ванчо Прке” Делчево.

Денес, на 21 мај 2025 година, со гордост и благодарност го славиме Патрониот празник на нашето училиште – денот кога одбележуваме 104 години од раѓањето на херојот Ванчо Прке – Сермен и 72 години од постоењето на нашето училиште.

Овој ден е посветен на ликот и делото на ООУ”ВАНЧО ПРКЕ “,херој, борец за слобода и достоинство, чие име гордо го носи нашето училиште. Неговото дело и пример нека нè водат кон заедништво, добрина и знаење.

Денешниот ден е потсетник дека знаењето е моќ, дека воспитувањето е највредна инвестиција, и дека токму преку заедништво, посветеност и соработка се градат темелите на едно успешно и современо училиште.

Нашата визија е: „Училиште кое создава мотивирачка и поттикнувачка средина за учење и подучување на сите ученици. Сите вработени да бидат професионалци, соработници, но и пријатели. Родителите да ни бидат партнери, а локалната заедница соработник.“

На сите ученици, наставници, вработени, родители и пријатели на училиштето им го честитаме Патрониот празник со желба за многу здравје, успеси и заеднички достигнувања!

По повод патрониот празник во холот на училиштето беше отворена изложба на ликовни дела на ученици под менторство на наставникот Антонела Манева Спасевска.

Среќен Патрон – 21 Мај

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*