И годинава ЈЛБ „Илинден“- Делчево, на 10-те наградени матуранти од СОУ„М.М.Брицо“-Делчево им подари стручна литература.
Наградените матуранти со различни желби и амбиции за понатамошниот образовен пат кој треба да го одат, имаа можност да изберат било што од стручната литература што библиотеката им ја понуди.
Честитки за успешното завршување на едно важно животно поглавје!
Не заборавајте дека кнгите секогаш ќе бидат ваши верни пријатели, водичи и извори на инспирација.Без разлика каде ќе ве одведе животот, на факултет, во работа или на нови предизвици-знаењето ќе биде ваш најсилен сојузник.
Вратите на библиотеката остануваат секогаш отворени за вас.Продолжете да учите, да читате и да сонувате големи соништа.


Leave a Reply