Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски заедно со делегација од ТППЕ Берово е во официјална посета на Крањ, Република Словенија. Во рамките на денешната посета, како што информираше на својот фејсбук профил Пекевски тој се сретнал со заменик градоначалничката на Крањ, Манја Зорко, како и претставници на Советот, Цивилна заштита и противпожарната заедница на Крањ.
-На средбата со заменичката Зорко, советничката Сања Газинковски, Вид Крчмар од Цивилната заштита и Јана Поточник претседател на противпожарната заедница во Крањ, разговаравме за можностите за идна соработка во двете општини, во делот на противпожарна заштита, енергетска ефикасност, подобрување на комуналните услуги и заштита на животната средина, информираше Пекевски.

Делегацијата од Берово присуствувала и на тактичко-показната вежба која се одржала во оваа Општина.
-Разменивме искуства, разговаравме за почетоците на соработката на двете противпожарни единици и присуствувавме на вежба, од највисоко ниво, на која присуствуваа Борут Сајович, Министер за одбрана и Боштјан Поклукар, Министер за внатрешни работи, во Влада на Република Словенија, додаде Пекевски.
Изрази надеж дека оваа посета, ќе биде само почеток за позитивни промени и воспоставување на заедничка соработка , која ќе се генерираа во успешноста на работата на противпожарната единица во Берово.


Leave a Reply