Работилница „Од идеја до филм“ со делчевскиот режисер Андреј Волкашин во ЈЛБ „Илинден“

Во читалната на ЈЛБ„Илинден“-Делчево,денеска беше одржана работилница на тема „Од идеја до филм“ , со учениците од осмо и девето одделение при ООУ„Ванчо Прке“ со наставничката Ирена Телетанска, наставник по Граѓанско образование и наставничката Билјана Стоиловска, наставник по Македонски јазик.

-На наше задоволство, наш гостин и реализатор на работилницата беше Андреј Илиевски, наш сограѓанин, кој успешно ја гради својата кариера како режисер.Зад себе ги има филмови „Змија“ и „Коливо“, за кои доби безброј награди и признанија, кај нас и во светот, истакна директорката Билјана Петровска.

Учениците од осмо и деветто одделение имаат наставна единица за уметноста, конкретно за филмот , па работилницата беше и нивни час, на кои од блиску, се запознаа со тоа како се режира еден филм.

-Андреј Илиевски на многу сликовит начин ни го објасни процесот од идеја до филм. Поставени беа и многу интересни прашања од страна на учениците, со што тие покажаа интерес за начинот на кој се снима и режира еден филм. Едукативно, образовно, интересно.Работилница која учениците ќе ја паметат. Огромна благодарност до Андреј, кој и покрај обврските со снимање на нова документарна серија „Радиус“,која се емитува на МРТВ, сепак одвои време и енергија, при посетата на родниот град, да ја одржи оваа работилница и да биде наш гостин, додаде Петровска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*