Беровското село Русиново го слави празникот Св Троица. По тој повод и годинава се одржува манифестацијата Трујчинденски Русински Средби 2025.
Во музичкиот дел свој настап имаа естрадната уметничка Василија Петрова и Малешевски Мерак, додека настанот беше отворен со настап на Мандолинскиот оркестар при деветолетката Никола Петров Русински кој годинава е првонаграден на Државно ниво.
Со неколку музички точки и ора настапија и млади фолклористи и солисти исто така од Русиново.
Во рамки на Трујчинденски Русински Средби беше оддадена почит со едноминутно молчење и молитва на загинатите и повредените во несреќата во Кочани.
Потоа беа доделени благодарници и признанија на заслужни лица од Малешевијата за успешно организирање на настанот и поддршка во реализација на неколку локални иницијативи во селото.

Посебна благодарност беше изразена до Благој Механџиски Зегин кој секогаш е меѓу главните поддржувачи на Трујчинденски Русински Средби 2025.
Настанот продолжува со турнир во мал фудбал во с.Русиново.
Во продолжение изјавата на Зегин и три ипол часовна видео репортажа од Трујчинденски Русински Средби 2025.

Leave a Reply