Во паркот пред Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево, се одржа првата летна, детска работилница „Летни лудории“. Ма работилницата која собра насмеани детски лица, љубопитност, забава и игра учествуваа 21 дете.
Децата поделени во 2 тима се натпреваруваа во 5 игрички, користејќи топки, вода, вреќа и спортски реквизити.
Работилницата беше вистинско уживање исполнето со смеење, нови пријателства, и инспирација, каде најмладите покажаа колку имагинацијата може да биде безгранична.
Работилницата беше со натпреварувачки дух, но резултатот беше 5:5.
Сите дечиња од библиотеката на крајот добија благодарнички за учество.
Со оваа активност библиотеката продолжува со својата мисија покрај книгите, да биде и место на радост, учење, натпреварување и култура за сите генерации.
Се гледаме на следната работилница, се вели во објавата на ЈЛБ ,,ИЛИНДЕН” ДЕЛЧЕВО.


Leave a Reply