Бојана Стојковска Божиновска е првенец на генерација во ООУ ,,Ванчо Прке” Делчево

Бојана Стојковска Божиновска е првенец на генерација во ООУ ,,Ванчо Прке” Делчево. Во продолжение објавата на ООУ ,,Ванчо Прке” по повод нејзиниот избор за ученик со искчулителна посветеност кон учењето и постигнати најдобри резултати.

…………………………………..

Со голема радост и искрена гордост, Ви ја претставуваме нашата Првенец на генерацијата 2016-2025, за учебната 2024/2025 година БОЈАНА СТОЈКОВСКА БОЖИНОВСКА ученичка од IX-1 одделение.
📝 Комисијата формирана од Наставничкиот совет при ООУ „Ванчо Прке“ – Делчево, на ден 10.06.2025 година, по разгледување на поднесените пријави, ја избра Бојана за Првенец на генерацијата со добиени 190 бодови., препознавајќи ја нејзината исклучителна посветеност, постигнатите резултати, афирмацијата на училиштето и позитивниот пример што секојдневно го споделува со своите врсници.

🎓 ✨ Бојана не е само симбол на успехот, туку и на посветеноста, трудот, искрената љубов кон знаењето и желбата за напредок. Таа е учесник на бројни државни натпревари и училишни проекти, и оваа година го освои првото место на Државната Олимпијада по германски јазик, како и втора награда на Државниот натпревар по биологија – резултати кои говорат за извонредноста и упорноста што ја носи во себе.

🌟 Бојана е личност со континуиран одличен успех, автентична харизма и насмевка што шири ведрина, создава пријатна атмосфера и топла комуникација меѓу соучениците и наставниците.
🏆 Титулата „Првенец на генерацијата“ не е само признание за нејзините постигнувања, туку и одраз на нејзиниот карактер, одговорност и континуиран стремеж кон совршенство.
📚 Честитки од срце, Бојана! Нека оваа награда биде само почеток на еден блескав пат исполнет со нови победи, радости и остварени соништа! 🌈💐 Посакуваме уште многу успеси во понатамошното школување и нови височини кои со сигурност ќе ги достигнеш!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*