Стапува на сила целосна забрана за движење во шумите поради зголемен ризик од пожари

Скопје, 26 јуни 2025 – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, донесе одлука за воведување целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште на територијата со која стопанисува претпријатието. Забраната ќе важи од 1 јули до 31 август 2025 година, во период од 00:00 до 24:00 часот.

Одлуката е донесена врз основа на член 57, став 3 од Законот за шумите, како превентивна мерка поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор во текот на летниот период.

Забраната не важи за следните субјекти:

  • Министерството за внатрешни работи
  • Министерството за одбрана
  • Шумската полиција
  • Центарот за управување со кризи
  • Дирекцијата за заштита и спасување
  • Државниот инспекторат за шумарство и ловство
  • ЈП „Национални шуми“
  • Правни лица што вршат сеча, дотур и транспорт на дрво
  • Лица со писмено одобрение од подружниците на ЈП „Национални шуми“

Дозволено движење во шумите ќе биде можно само со писмено одобрение, издадено од надлежната подружница на ЈП „Национални шуми“ за конкретното подрачје.

За спроведување на забраната задолжени се:

  • Вработените од ЈП „Национални шуми“
  • Шумската полиција
  • Министерството за внатрешни работи

За сите физички лица кои ќе бидат затекнати како се движат во шумите без дозвола, се предвидуваат парични казни од 1.500 до 2.000 евра, согласно член 106 од Законот за шумите.

Граѓаните се повикуваат на максимална одговорност и почитување на мерките за заштита од пожари во шумските подрачја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*