Во пијана состојба низ Македонска Каменица возела 18 годишничка од с.Бориево, Босилово

На (12.07.2025) во 00.23 часот на ул.„Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево ја лишија од слобода В.В.(18) од с.Бориево, општина Босилево.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувала В.В. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта.

Лицето е исклучено од сообраќај и по целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*