Општина Делчево започна со изградба на нова водоводна линија на улица „Солунска“, со што ќе се решат долгогодишните проблеми со водоснабдување на жителите од овој дел на градот.
Градоначалникот Горан Трајковски изјави дека проектот има за цел обезбедување сигурна и квалитетна водоснабдителна мрежа, но и создавање предуслови за понатамошен урбан развој.
-Со овој зафат не само што обезбедуваме сигурна и квалитетна водоснабдителна мрежа, туку и создадеме предуслови за понатамошен урбан развој“, истакна Трајковски.
Покрај водоводната инфраструктура, предвидена е и целосна реконструкција на улицата, која ќе опфати санација на коловозната површина и поставување нов асфалт, со што „Солунска“ ќе добие современ и безбеден изглед.
Според Трајковски, инвестициите во водоснабдувањето и реконструкцијата на уличната мрежа се вложување во подобар животен стандард, здравјето и удобството на граѓаните.

Leave a Reply