Со започнувањето на реконструкцијата и проширувањето на мостот на реката Габровчица, Општина Делчево го решава едно од последните т.н. „тесни грла“ во централното градско подрачје. Станува збор за една од најфреквентните сообраќајници во градот, која со години претставуваше проблем за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Градоначалникот на Делчево, Трајковски, истакна дека со реализацијата на овој капитален проект значително ќе се подобрат условите за движење на возилата, ќе се намали метежот и ќе се зголеми безбедноста на пешаците.
„Со проширувањето на мостот ќе создадеме подобри услови за сообраќајот, но и ќе придонесеме за модернизација на инфраструктурата во центарот на градот. Нашата цел е Делчево да добие лик на современ и функционален град, кој ќе им нуди на граѓаните удобност, безбедност и квалитетен живот“, изјави Трајковски.
Тој додаде дека проектот е уште еден чекор напред во визијата за уреден и модерен град, со инфраструктурни решенија на европско ниво.


Leave a Reply