Тридневна музичка програма во рамки на Етно Плоштад Фестивал од 28 до 30 август во Берово

Плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово од 28 до 30 август ќе биде домаќин на „Етно Плоштад Фестивал 2025“, кој и годинава ќе понуди тридневна програма исполнета со музика, традиција и забава.

Фестивалот ќе започне на 28 август со свечено отворање и Саем на традиционални производи „Малешевијата на дланка“. 

-Во рамки на вечерната програма ќе настапат културно-уметнички друштва од Берово и Македонија, Игор Димовски, групата „Пауза за ракија“, како и диџеи.На 29 август е предвиден детскиот музички фестивал „Малешевско ѕвонче“, по што ќе следуваат настапи на Андријана Петрушовска и српската музичка група „Амадеус бенд“.

Фестивалските активности ќе завршат на 30 август со концерт на македонскиот поп пејач Мики Секуловски и настап на српската фолк ѕвезда Харис Џиновиќ, по што ќе следува диџеј програма, информираат од Општина Берово.

Организаторите најавуваат и други разновидни културно-уметнички содржини во рамки на настанот.

-Предвидени се танцови изведби и изложби, а плоштадот ќе биде исполнет и со штандови со традиционални производи. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат малешевски специјалитети, како и да купат рачни изработки и домашни производи од локални производители, додадоа од Општина Берово.

Берово како што додаде градоначалникот Звонко Пекевски секоја година потврдува дека е место на гостопримство, вкусна храна и автентична музика, а фестивалот претставува средба на култури и генерации.

Со ваквата програма, подвлече Пекевски, Берово и ова лето ќе биде центар на културните случувања во Источна Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*