Вечерна богослужба во храмовите ,,Успение на Пресвета Богородица” во Делчево и М.Каменица

Во предвечерјето на празникот Успение на Пресвета Богородица, во двата храмови кои се посветени во чест на овој празник во Делчево и Македонска Каменица, се служеше празнична вечерна богослужба.

На вечерната во двата храмови началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во сослужение на свештенството од Епархијата.

За време на литијните стихири со плаштеницата на која е изобразено погребението на Пресвета Богородица се изврши опход околу храмовите.
Епископот за време на вечерната служба им се обрати на верниците, искажувајќи содржајна беседа во врска со празникот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*